Амбасадорот на Турција, Хасан Мемет денеска беше во посета на општините Карбинци и Штип, а при посетата на Карбинци, каде што од вкупниот број на жители 17 отсто се од јуручкиот, односно турскиот етникум, истакна дека ќе помогне во пронаоѓање на инвестиции и развојот на туризмот.
– Ние посакуваме турските инвестиции да дојдат и во вашиот регион, можеме да кажеме дека овде има голем потенцијал за туризам. Можеме да ви помогнеме и за решавање на инфраструктурни проблеми, рече Мемет.
Денешната посета во општина Карбинци беше можност амбасадорот на Турција да биде запознат со проблемите на тамошното турско население.
– Се запознавме со проблемите на Карбинци и плановите на Општината. Разговорот беше насочен и кон обезбедување на чиста вода за пиење, рече Јордан Насев градоначалник на Карбинци.
Амбасадорот на Република Турција денеска беше и во посета на Општина Штип и имаше средба со штипскиот градоначалник Благој Бочварски.