Конференција: Се унапредуваат јазичните права на помалубројните заедници

Одлична е промената на свеста, но и на политичката парадигма на нашата држава затоа што сериозно учествуваме во градење на концептот на едно општество за сите. Применуваме сериозни мерки и веруваме дека значително ќе се подобрат правата на заедниците под 20 отсто, вклучитлено и нивните јазични права.

Ова денеска го истакна заменик директорот на Агенцијата за правата на заедниците, Џелал Хоџиќ, на вториот ден од Меѓународната научна конференција „Многујазичноста и предизвиците на примената на Законот за употреба на јазиците во РСМ“ која е во организација на Агенцијата за примена на јазикот.

Според Хоџиќ, помалубројните заедници го користат правото на образование на мајчин јазик, го користат својот јазик во единиците на локална самоуправа, и го користат јазикот во јавниот радиодифузен сервис каде што има редакции на заедниците.

-Дека јазикот е богатство не е некоја новина, дека со години се обидувавме да ги оствариме јазичните права во Република С. Македонија, исто така не е новина, но сакам да кажам дека Агенцијата за оставрување на правата на заедниците даде свој придонес во носењето на законот за јазици пред две години, свесни дека правата не се дадени еднаш засекогаш туку тие мора да се унапредуваат, додаде Хоџиќ.