Делегација на Партијата за движење на Турците (ТХП) предводена од претседателот на партијата Енес Ибрахим, оствари работна средба со Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО).
На средбата беа разгледани повеќе теми кои се поврзани со трговијата, образованието и туризмот, како и проблемите, потешкотиите со кои се соочуваа бизнис секторот и можните солуции за брзо надминување на истите недостатоци.
Иако ТХП е етничка партија, нашата основна цел е придонес во сите општествени сфери, со што ќе се овозможи прогрес за сите граѓани на Република С. Македонија. Затоа ваквите средби се особено важни за да се детектираат клучните потреби на економската и бизнис сферата и истите да се интегрираат во изборната програма на ТХП.