Деведесет и осум години СКМ, определба на бизнисот е извозот, регионалната соработка, инвестициите и одржливиот раст

Извозот, индустријата, регионалната соработка, одржливиот раст и инвестициите, се клучната определба на бизнис секторот во земјава. Ова ќе биде фокус и на денешниот настан со кој Стопанската комора на Македонија ќе одбележи 98 години постоење.

На настанот по повод годишнината, ќе се обратат претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и шефот на ОЕЦД за Југоисточна Европа, Марзена Кисиелевска.

Меѓу гостите се високи владини функционери, еминентни претставници на стопанството и на меѓународната заедница.

Стопанската комора на Македонија брои над 15000 членки – компании кои постојано освојуваат нови пазари, го усовршуваат производството и вложуваат во едукација и развој. За натамошен поттик на нивната работа, денеска на најуспешните во 2019 ќе им бидат доделени признанија.

Според Комората, македонското стопанство вработува повеќе од 400000 лица, реализира 6,4 милијарди евра извоз, остварува 21 милијарда евра промет и креира 4,5 милијарди евра додадена вредност.