Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска во Европскиот Парламент во Стразбур ќе учествува во работата на 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – Европска Унија.
Како што соопшти МНР, Мешовитиот парламентарен комитет е форум на меѓу-парламентарна соработка предвиден со Спогодбата за асоцијација и стабилизација помеѓу Република Македонија и Европската Унија.
Министерот Димитров ќе има излагање во рамките на воведната сесија „Размена на мислења со Владата на Република Македонија, со Европската комисија и Европската служба за надворешни работи (EEAS) за односите меѓу Европската Унија и Република Македонија.“
Предвидено е министерот Димитров да оствари и средби со пратеници во Европскиот Парламент.