Наместо за проблемите на градовите, градоначалниците на Тетово
и Гостивар работат на предизборни коалиции, обвинија од Демократската партија на Албанците
(ДПА) на денешната прес конференција. Двата града се соочуваат со загаден воздух и
интензивирање на проблемите во сообраќајот, потенцираат од партијата.
-Сообраќајниот метеж во Тетово и Гостивар се интензивира, а сите предизборни ветувања околу тоа не се исполнети. Ситуацијата уште повеќе се влошува со тоа што дополнително се загадува и воздухот, истакна Фримзим Даути, потпретседател во ДПА и претседател на партиската комија за локална самоуправа.
Тие бараат градоначалниците наместо со политика да се занимваат со проблемите на граѓаните.
-Теута Арифи наместо да се ангажира за надминување на проблемите на тетовци таа калкулира отсега дали ќе оди на пред или постизборна коалиција со ВМРО или СДСМ. Истото го прави и градоначалникот на Гостивар, Таравари. Тој се наместо да се грижи за воздухот во Гостивар калкулира дали ќе оди во предизборна кампања со некоја од партиите. За жал за нив најважно е кое ќе биде коалициското партнерство пред или после избори. Наместо тоа да се фокусират на проблемите на граѓантие и општините кои ги водат, рече Даути.