Писмена реакција за интервјуто на Коsијас за „Еуроњуз“

Почитувани,

По повод интервјуто на Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коsијас за „Еуроњуз“ на Грчки јазик, во кое тој соопштува што било договорено на премиерската средба во Давос, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Македонската Алијанса јасно порачува дека евентуалниот договор во Давос меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас е јалов и целосно неважечки. Ниту еден лидер, партија или Владина коалиција нема мандат да преговара за името и идентитетот за кои Македонските херои ги положија своите животи.

НИКОЈ НЕ Е ПОГОЛЕМ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НЕ ПОСТОИ СИЛА КОЈА ЌЕ НЕ НАТЕРА ДА ГО ПРОМЕНИМЕ НАШЕТО ВЕКОВНО ИМЕ МАКЕДОНИЈА!

Македонскиот народ не прифаќа никакви спогодби за фазно решавање на спорот за името на штета на Татковината. Доста ни е од уцените на Грчките националисти. Не прифаќаме придавки или одредници кои треба да не обезличат како народ. Ние знаеме кои сме – Македонци од Македонија и нам не ни треба нов идентитет. Кога нашиот јужен сосед веќе толку инсистира да се направи разлика меѓу Грчкиот регион и Македонија, ние имаме решение. Бидејќи Грците после 1913 со својата асимилаторска политика насилно ги сменија сите Македонските топоними од неправедно одземената Егејска Македонија, тогаш сега самите нека го сменат и името на регионот Македонија со Грчки назив или нека го вратат неговото вистинско име – Егејска Македонија. Така нивниот ирационален проблем ќе си го решат самите!

НОВ БУКУРЕШКИ ДОГОВОР НЕ ПРИФАЌАМЕ! БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО!

Скандалозниот развој на настаните во Грција треба да биде аларм за меѓународниот фактор. Македонскиот народ бара гаранција дека меѓународните норми важат за сите подеднакво. Кога Грција веќе еднаш на дело потврди дека нема никаков проблем да ја прекршува Времената Спогодба која самата ја потпиша, зошто сега било кој би верувал дека е поинаку. Бараме прво да се спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и Македонија веднаш да стане полноправен член на НАТО Алијансата. До тогаш сите разговори и преговори за името да бидат прекинати!

СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

 

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски