Владата и ДИК разговараа за организација на изборите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, придружуван од други претставници на извршната власт, денеска одржа состанок со претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски и другите членови на ДИК, информираат од прес службата на Владата.

На овој состанокот на премиерот и претставниците на Владата со претставниците на ДИК, беше изразена е силна заедничка определба за организирање и спроведување фер и демократски избори.

– Покажавме како држава во претходните изборни циклуси дека можеме да организираме и спроведеме фер избори. Да го продолжиме тој позитивен тренд и на овие вонредни парламентарни избори, во името на демократската и интеграциската иднина на нашата земја, рече премиерот Спасовски.

На состанокот, како што се вели во соопштението на Владата, е разговарано за активностите што се преземаат во делот на соодветното евидентирање лица со право на глас, како и за материјално-техничките, просторни и кадровски потреби посочени од ДИК, со цел непречена реализација на изборите.

Во таа насока донесени се неколку заклучоци: прво, ДИК да достави до Владата спецификација за потребните материјално-технички услови за изборите, второ ДИК да достави известување за потребните обуки на членовите на Изборните комисии и Избирачките одбори, со цел нивно соодветно организирање и е договорена заедничка средба на премиерот Спасовски, на владини претставници и на претставници од ДИК со претставници на ЗЕЛС, со цел овозможување на потребните просторни и други услови, за граѓаните да можат да го остварат своето уставно право на глас.

Ова е прва средба на тема избори, организирана на иницијатива на премиерот Оливер Спасовски со надлежни чинители за реализацијата на претстојниот изборен процес