Китев: СДСМ е за распуштање на Собранието на 12 февруари и избори на 12 април

 СДСМ е за распуштање на Собранието на 12 февруари, но ако има простор за дополнителни 5-6 дена работа за да се донесат измените на изборниот законик и законот за јавно обвинителство, може да пролонгира и да се запазат изборните рокови за 12 април, вели пратеникот на СДСМ  Бетијан Китев.

– Јас лично би гласал за распуштање на Собранието на 12 февруари, бидејќи политички договор веќе постои кај претседателот на државата и треба да се почитува. Партијата која ме кандидирала исто така нема различен став од овој. Досега наш став е дека треба да се распуштиме на 12 февруари за да имаме непречен изборен процес и за да имаме регуларни и фер избори на 12 април. Дали во меѓувреме ќе се создадат услови заради овие две прашања кои се најактуелни, за дополнително незначајно пролонгирање на распушатњето, тоа не е прашање од таков интерес кое ќе ја влоши политичката ситуација или ќе доведе до дополнителни турбуленции. Доколку е во интерес на сите да ги решиме овие прашања и со Изборниот законик и со Јавното обвинителство и доколку таквата можност е дадена со дополнително 5-6 дена работење за Собранието тогаш би можеле да ги исполниме роковите од Изборниот законик и да почат да течат изборните рокови во тие 52 дена, до 12 април, рече Китев во Собранието на новинарско прашање. 

Китев во изјавата дадена по средбата со Томас Бертин шеф за Балканот и Елса Бенакуен Наваро одговорна за С. Македонија во француското МНР, рече дека на средбата станало збор за новата методологија за проширување која денеска во Брисел ја претстави ЕК. При тоа рече од нивна страна отворено се укажало и се повикувало на тоа политичките партии да најдат заеднички јазик околу законот за ЈО.

– За развојот за новата методологија  претставниците на француското МНР можат да ни кажат кое би било излезно решение со кое ние би можеле повторно да ги добиеме симпатиите од одредени земји членки кои сега инсистираат да биде донесен законот за ЈО, но тие не можат да ја преземат улогата на македонските политички партии. На крајот одговорноста е на македонските полиитчки партии и на сите кои учествуваат во овој процес за носењето на закон  за ЈО. Одговорноста е на сите, секогаш е поголема кај власта, кај опозицијата е помала, но во овој случај заради тоа што главната кочница доаѓа од опозицијата би било убаво до расушптање на парламентот да се најде тој посакуван заеднички јазик кој би ни ја отворил врата на сите и би го добиле тоа што го очекувавме а не го добивме во октомври, рече Китев.  

Изборот на француските дипломати да се сретнат со пратеници од владејачкото мнозинство, вели воопшто не е политички , бидејќи владеачкото мнозинство неколку пати укажало на кој начин може да се дојде до компромис за ова прашање.

-Ние се уште сметаме дека има доволно време, но и можност да се дојде до одтреден компромис кој потоа ќе значи финиширање на она што е започнато претхпдно како процесно дејствија, кое во овој момент не е возможно на ниту еден начин да биде прекинато, рече Китев.

Тој рече дека интензивно се водат разговори и за измените во Изборниот закон се ндевам дека ќе млжат да го усогласат и за тоа прашање, имајќи предвид дека е познат терминот за распуштање на Собранието

-Добро е заради чистиот изборен процес  на 12 апил и ова прашање да биде затворено.Мора партиите да се согласат. Експерименти во овој период до 12 февруари со поединечно предлагање не е можно да дадат резултат, вели Китев.