Членот на извршниот комитет, Влатко Ѓорчев и Меѓународниот секретар во рамките на својата посета на Брисел остварија средба со Претседателот на Европската народна партија, Доналд Туск.
Соговорниците дискутираа за состојбите во Република Македонија, а Ѓорчев и Муцунски го информираа Туск дека во овој момент од страна на владејачката СДСМ се врши сериозен притисок за одложување на парламентарните избори закажани за 12 Април. Ѓорчев и Муцунски нагласија дека мора да се почитува политичкиот договор постигнат за оддржување на избори.
На средбата се дискутираше за енормните проблеми со правдата и корупцијата. Соговорницте заклучија дека постои потреба од длабоки структурни реформи во овие две области кои ќе и помогнат на Македонија на својот пат кон членство во Европската унија.
Претседателот Туск ја нагласи својата недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на изборите закажани за 12 Април.
Со почит,