Во Македонска Каменица се уредуваат подземните водоводни и одводни системи

Во Општина Македонска Каменица започна уредувањето на подземните водоводни и одводни системи. Во моментот, како што информираа од општината, во тек се градежни активности за изградба на атмосферска канализација во централното градско подрачје, во кои увид изврши градоначалничката Соња Стаменкова.

-Извршив увид во градежните работи, со кои во централното градско подрачје е предвидена изградба на атмосферска канализација и уредување на отворениот канал за атмосферски води од таканречениот Блок 1. Со ова, Општина Македонска Каменица решава еден огромен проблем на жителите од централното градско подрачје и трајно ги уредува подземните водоводни и одводни системи пред да започне реализацијата на нови инфраструктурни проекти во овој дел од градот, рече Стаменкова.

Претходно, како што додадоа од општината, почна изградбата на пристапни патеки на неколку улици во градот.

Паралелно се гради паркинг простор и кратки пристапни патеки до колективните живеалишта во централното градско подрачје на Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *