ССНМ, СЕММ и ЗНМ ќе ја презентираат Повелбата за услови за работа за новинарите изработена од Европската федерација на новинари

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ)  денеска на прес-конференција ќе ја презентираат Повелбата за услови за работа за новинарите изработена од Европската федерација на новинари.

Како што е најавено, ќе биде презентиран и урнек фер-договори за вработување за новинари и медиумски работници во дигиталните медиуми изработени со поддршка на Меѓународната федерација на новинари.