Османи: Коалицирањата ќе ги одредат резултатите од изборите

Прашањето за коалицирањето ќе се решава по изборите. Принципот победник со победник е за да го заштити претставувањето на Албанците во Владата, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Тоа е прашање што треба да го дефинираме после изборите, кој со кого ќе прави коалиција, бидејќи изборните резултати ќе определат. Обично правилата за ваквите механизми за заштита од мајоризација се потребни за помалите заедници и помалите партии. Тие не се однесуваат на големите, бидејќи  Бадентер во Собранието постои за албанската етничка заедница, не постои за македонската. Принципот победник со победник е за да заштити дека албанската заедница ќе биде претстваена во Владата. Ова е принцип кој што е почитуван од 2008 кога е воведен со мајскиот договор и е еден од добрите принципи кој што го штити претставувањето на Албанците во Владата, рече Османи по посетата на Државниот завод за ревизијана новинарско прашање зошто инсистираат на коалицирање победник со победник, а не го почитуваа како принцип на минатите избори.