Мицкоски во посета на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со партиска делегација во која се Влатко Ѓорчев, Тимчо Муцунски и Слободанка Алексовска, ќе остварат неколкудневна работна посета на Вашингтон, САД, соопшти партиската прес-служба.

Во текот на посетата, Мицкоски ќе реализира повеќе средби со претставници на Белата Куќа, Стејт Департмент и членови на Претставничкиот дом и Сенатот. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обрати и на Безбедносниот форум организиран од членови на американскиот Сенат, а ќе присуствува и на Молитвениот појадок кој се одржува под покровителство на претседателот на САД Доналд Трамп.

Предвидени се средби со претставници на македонската дијаспора во САД. Престојот во САД ќе се искористи за остварување на меѓународни контакти, зацврстување на односите на ВМРО-ДПМНЕ и лобирање за државните и национални интереси на Република Македонија. По скорешните посети на Брисел, и Будимпешта, престојот во Вашингтон преставува продолжување на интензивната меѓународна активност на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *