Јанушев:Аферата Канабис покажува инфлација од лиценци на фирми блиски до власта и неконтролирано производство на марихуана

Како што ветивме пред некој ден, денес ќе имате можност да ја дознаете целата вистина околу омилениот бизнис на фамилијата Заеви. Бизнисот со марихуана која се претвори во рекет машинерија.
Токму затоа Заеви и СДСМ ревносно се борат во Собранието да се
изгласа законот за опојни дроги по нивни терк, за потоа да обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи овој закон. Иако во позадина се работи за нешто сосема друго.

Овде се работи за милиони и создавање на силна канабис рекет
машинерија.

Аферата Канабис милионите на Заев покажува инфлација од лиценци на фирми блиски до власта и неконтролирано производство на марихуана.

Веднаш да потенцирам и да ги расчистиме дилемите, ВМРО-ДПМНЕ не кочи закони во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ кочи закони кои се од личен интерес на Заеви. ВМРО-ДПМНЕ во 2016-тата година го донесе законот за одгледување на канабис за медицински цели и Република Македонија беше единствена држава во Европа заедно со Холандија, но со јасно дефинирани одредби, и високи критериуми кои мора да се исполнат, а не земјава да се претвори во оаза за канабис за милионите на Заев.

Но, како навистина стојат работите.

Информациите кои дојдоа до нас говорат дека СДСМ и Заеви практично манипулирајќи ги потенцијалните и заинтересирани производители на канабис, создадоа нова рекет машинерија преку која се собираат пари од бизнисмени кои сакаат да одгледуваат канабис.
Во постојниот закон кој е на сила, донесен во 2016 година за
одгледување на канабис за медицински цели, јасно е припишано кои се условите кои мора да ги исполнува одредена фирма доколку сака да добие лиценца за одгледување канабис.

СДСМ и Заеви, настрана од пропишаните одредби во законот, за само
неколку месеци дозволија хипер-продукција на лиценци за канабис. Внимавајте од мај 2016 до мај 2018 година се издадени само 5 лиценци за одгледување на канабис и 2 лиценци за екстракција. Додека пак само во 2019 година Владата има издадено 31 лиценца за одгледување на канабис, а околу 20-тина нови лиценци се во постапка и чекаат одлука од Владата за да ја добијат. Во истиот период исто така се издадени дополнително 2 лиценци за екстракција на канабис. Голем дел од овие фирми што добиле лиценци се поврзани погодувате
директно со СДСМ.

Што е тука индикативно и сомнително?

Еден од условите да се добие лиценца за одгледување канабис е да
фирмите апликанти поседуваат елаборат за одгледување на канабис во рок од 5 години како и која е намената на произведеното количество. Ова е еден од најважните документи кои треба да го поседуваат фирмите.
Внимавајте, според нашите информации, најголем дел од овие 31 лиценца во 2019 година, се издадени според непостоечки закон, односно се незаконски.

Овие фирми имаат елаборати во кои јасно пишува дека ќе извезуваат
произведен сув цвет од канабис, што практично и не е возможно согласно постоечкиот закон, каде што извоз на канабис е возможен доколку е завршена екстракција. Според нашите информации, Министерството за здравство не врши воопшто инспекциски надзор колку канабис е одгледан кај голем дел од компаниите, па огромна количина од канабисот се продава на црно за огромни суми на пари, што докажува дека Заеви ја направија Македонија како Колумбија
и Лазарат.

Канабис милионите на Заеви отвораат сомнеж дека постои и нелегално производство на марихуана.

Прашуваме, дали е точно дека Заеви доделувале лиценци на нивни
блиски фирми без да поседуваат соодветен елаборат, па практично сега лиценците се незаконски?

Втора работа, која кружи низ кулоарите на бизнисмените, е дали е точно дека цената на една лиценца на Владата на СДСМ и на Заев чини околу 300.000 до 500.000 евра кои се плаќаат директно на рака кај луѓе блиски до власта?

За се ова институциите молчат и по принципот сврти ја главата на другата страна, се прават како да не се случува бидејќи се под директни инструкции на фамилијата Заеви и СДСМ.
Дополнително, документите покажуваат дека до последниот ден како
премиер Зоран Заев делел лиценци за производство на марихуана. За само два дена во месец декември, а на неколку дена пред оставката на Заев се доделени 10 нови лиценци за производство на марихуана. Значи 10 нови лиценци, набрзина се доделени на компании кои се поврзуваат токму со Зоран Заев.

Набрзина, шверцерски и со огромен сомнеж за милионски криминал. Деталите на компаниите ќе ги чуете во следниот период, но она што е сигурно е дека СДСМ си направија класична рекет машина, каде што овие бизнисмени се принудени да ги купат