Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 53-та седница, на чиј дневен ред се 73 точки.
На седницата како пред точки ќе бидат разгледани состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција, користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ, Статусот на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО и Статусот на реализација на Рамковниот договор.
Пред членовите на Владата че се најдат и Годишната инвестициска програма на ЈП ХС “Злетовица“ Пробиштип за 2018 година, со Предлог-одлука, Финансискиот план и Годишната програма за работа на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството за 2018 година, со Предлог-одлука, Програмата за работа и финансиски план на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија за 2018 година, со Предлог-одлука, Предлог-акцискиот план за воспоставување на електронски систем за размена на потребната документација за потребите на даноците на имот и финансиското работење на општините.
Пред членовите на Владата ќе се најде и Годишната сметка, финансиски извештаи и извештај од раководството на ЈП Македонска радиодифузија за 2016 година, Извештај од работењето на ЈП Македонска радиодифузија за период од 01.01. до 31.12.2016 година, Извештај од Независен ревизор од 2016 година, со предлог-одлуки, како и Информација за реализација на Акциски план за воспоставување на организиран пазар на електрична енергија во Република Македонија.
На дневен ред се и повеќе информации, меѓу кои и Информацијата за можноста за изменување на Законот за работните односи во насока на кратење или елиминирање на обврската за објава на оглас за вработување, како и Информацијата за изградба на центар за деца со аутизам во Скопје.
Се до почетокот на седницата, како што велат од владината прес-служба, дневниот ред е подложен на промени.