Претседателот на НДП г. Весел Мемеди, придружуван од генералниот секретар Сухелј Фазлиу и потпретседателот на НДП, г-ѓа Лулјета Азири денес се сретнаа со Украинската Амбасадорка г-ѓа Наталија Задоржњак. На оваа средба се разговараше за многу прашања и активности во политиката.
Претседателот на НДП, Мемеди првично изрази сочувство до украинскиот народ за воздушната трагедија која се случи, и истакна дека украинскиот народ доживеале големи жртви во минатото се до ден денес.
Претседателот на НДП, Весел Мемеди, истакна дека и мие во Балканот доживеавме големи трагедии со многу жртви во комунизмот, но за жал и во време на демократијата го доживуваме истото, бидејќи тогаш комунистите ги уживаа сите привилегии, и ден денес децата на комунистите ги уживаат истите привилегии во демократија. Мемеди потенцира дека се додека не заврши оваа ситуација, и максимално да се уживаат правдата и вистината, нема да има надеж дека големите промени во Балкан ќе се случат.
Украинската Амбасадорка г-ѓа Наталија Задоржњак и се заблагодари на претседателот на НДП, Мемеди и ја потврди важноста за почитување на законите, и ја подржа визијата и новата ера на НДП која ја презентира. Исто така г-ѓа Наталија Задоржњак дека Украина ќе биде близу до С. Македонија како што било во минатото така и ќе биде и во иднина.