Пратеничката Стаменковска Стојковски поднесе оставка, ќе биде дополнителен заменик министер во МИОА

Пратеничката Невенка Стаменковска Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе оставка на пратеничката функција.

Стаменковска Стојковски е предложена за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација во техничката влада, која се очекува да биде избрана до полноќ, по оставката на премиерот Зоран Заев.