На голема радост на православните христијани од Општина Кичево, градоначалникот Фатмир Дехари дозволи на плоштадот да се постави и голема реплика на Витлеемска пештера во која се родил Господ Исус Христос.
– Граѓаните од Општина Кичево од православната христијанска вероисповед со дозвола на градоначалникот Фатмир Дехари ќе имаат можност да го видат Витлеемеската пештера која ќе го краси центарот на Кичево за време на чествувањето на големиот христијански празник, Рождество Христово, вели Емин Насуфи од општината
Со овој чин, посочи тој, градоначалникот покажуваа граѓанска грижа и совесност кон сите граѓани.