Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари синоќа направи обиколка на дежурните служби во полициската станица Гостивар и противпожарната единица. На средбите со полицајците и пожарникарите се запозна со нивните обврски кои ги имаат за новогодишната ноќ.
– Ова се луѓе кои остануваат во служба на граѓаните, на своите работни места, сé до раните утрински часови и тие секако го заслужуваат нашето внимание, рече градоначалникот кој посетата ја искористи да им подели новогодошни пакетчиња на дежурните.
Таравари по обиколката се врати во неговиот дом, каде, како што рече, во кругот на семејството ќе ја дочека Новата година.