Иницијативен одбор за уредување и инфраструктура во Фалише каде се погребуваат православни верници

Се формираше иницијативен одбор на граѓани од Тетово кој побара кај надлежните да се изгради соодветен објект и да се доуреди локацијата во тетовско Фалише, каде 13 години се погребуваат луѓе од православна вероисповед, но нема инфраструктура и обележје. Иницијативниот одбор побара од митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф реализација на оваа потреба.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи информираше дека е одржана средба со г. Јосиф и со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски на која се разговарало за новата иницијатива и проекти околу уредувањето на градските гробишта во Тетово.

-Јавното комунално претријате во буџет планираат да работат во доуредување на гробштата во село Фалише. Доколку има потреба од додатни средства за инвестирање доколку се покажат слични потреби, спремни сме исто така да дадеме и придонес тука. Секогаш има такви можности, изјави градоначалничката Теута Арифи.

-Тетово има сериозен проблем околу состојбата на градските православни гробишта, а за проблемите поразговаравме отворено со предложување решенија.На работната средба со градоначалникот Арифи и митрополитот Јосиф разгледавме конкретен проект чија реализација би создала достоинствено место за покој и оддавање почит на умрените, изјави Даријан Сотировски.

Поддршка во Советот на општина Тетово дадоа и советниците на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

-Мене ми е мило што има иницијативен одбор кој што ќе го решава прашањето со катастрофалната состојба на градските гробишта. Имаме иницијатива во следниот период околу партерното уредување и хортикултурно уредување што преку донациии што од буџетот на јавното комунално претијатие кое и во владение ги има градските гробишта. Друга работа која што сакаме, за која се надевам дека ќе добиеме поддршка од советничката група на СДСМ за изградба на помошен објект, менза за верски обреди каде што ќе можат достоинствено луѓето при извршување на верскиот обред да седнат со ожалостените фамилии. Се надевам дека во програмата за 2020 изградбата на овој објект кој што е од голем интерес за граѓаните ќе влезе на дневен ред и општината ќе започне со негова реализација, изјави Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ.

-Секако поддржуваме се што е за добробит на граѓаните бидејќи сме тука заради нив. Може да се направи не со само со овој буџет туку и со ребалансот на буџетот кога ќе се донесе. Се што е за добробит на граѓаните на општина Тетово, затоа што не сме тука само како политички парти туку и како граѓани како лица кои што имаат можност да ги застапуваат интересите на општина Тетово, изјави Анастасија Блажевска од СДСМ .

Доуредување и изградба на објект на православните грбишта во тетовско Фалише се очекуваат уште од 2007 година кога локацијата беше определена како ново место за погребување.