НА ПОВИДОК ЗАСИЛУВАЊА ВО ВАРДАР

Конечно е добри вести за навивачите на нашиот најпопуларен фудбалски клуб Вардар. Ако се остварат трансферите, тогаш Вардар ќе добие засилувања во линијата за врска и нападот, а фудбалерите кои би требало да потпишат се Лукман Харуна од Нигерија и Кларенс Битанг од Камерун.

Лукман има 27 години е и фудбалер од средината на теренот, но од онаа офанзивната. Досега има настапувано за Динамо Киев, со кој има играно и во Лигата на шампиони. Кариерата ја почна во Монако, а потоа шест години играше во дресот на украинскиот клуб.

Кларенс Битанг има 25 години и е фудбалер од шпицот на нападот. Во Вардар доаѓа од Грција каде што има играно во Панилијакос, Олимпијакос Волос и Агротикос.