Давидс: Инвестирајте во луѓето, за да запре „одливот на мозоци“

Инвестирање во растежот, поголема слобода на приватниот сектор и инвестирање во луѓето и во одржливоста, а во исто време и продолжување на реформите, зашто С. Македонија и натаму добро котира на листата на земји на Дуинг бизнис, вели Кун Давидс, извршен директор на Холандската конституенца на Светската банка, во која припаѓа и нашата земја, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, запрашан за ретроспектива на 2019. за македонската економија.

Давидс наведува дека Бордот на Светска банка го одобрил проектот за локални патишта во држвава, во вредност од 70 милиони евра.

Според Давидс, државава мора да инвестира во човечки капитал, во подобрување на продуктивноста и постојано да работи на реформи за унапредување на бизнис околината.

Извршниот директор на Светска банка се осврнува и на важноста од надградбата во образованието во сите сфери и го истакна значењето на поголемата вклученост на жените во општествените текови.

– Едно е јасно, во С. Македонија е потребна обука за поголема продуктивност. На пример, жените треба да се поттикнат да имаат поголема улога на пазарот на трудот, вели Давидс.