ДЕМОКРАТИ: Христијан Мицкоски манипулира со граѓаните во однос на Преспанскиот договор

Политичката партија ДЕМОКРАТИ го изразува своето неверување во однос на шаренилото на изјави и на манипулациите на граѓаните од страна на претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски во однос на Преспанскиот договор.

Имено, еднаш изјавува дека би репреговарал за Преспанскиот договор доколку стане премиер и има таква иницијатива од грчка страна. Значи, иницијативата не би била од македонска страна, туку од другата.

Изјавата дека ќе се седне „на заедничка маса, ќе го репреговараме договорот, но не така монополизирано како што тоа го правеше двоецот Заев – Димитров, туку навистина со сериозна екипа позади себе, со експерти кои што само ќе му донесат додадена вредност на овој народ и на оваа држава. Ако биде ракавицата фрлена ние ќе ја прифатиме, ние имаме став дека овој договор е штетен и капитулантски за Република Македонија“, само го потврдува тоа дека ракавицата треба да биде фрлена од грчка страна.

Секако, тој се повикува и на новиот грчки премиер Кирјакос Мицотакис, кој според него е за ревидирање на Договорот, но затоа пак наведува дека „еднострано поништување рече дека не е возможно“.

Иако сето ова Мицкоски го изјавува со месеци, дниве неговите изјави добиваат друг призвук. Небаре само од него и партијата на чие чело е тој, зависи не ревидирањето туку поништувањето на Преспанскиот договор.

Како и да е, на Мицкоски не му пречи неговата ДПМНЕ да учесвува во ЕПП со сегашното уставно име на државата, Република Северна Македонија, но затоа пак го кочи Законот за одбрана.

Политичката партија ДЕМОКРАТИ не е изненадена од потребата да се изманипулира македонското гласачко тело со вакви небулози, бидејќи тоа го прават секојдневно.

Преспанскиот договор, потпишан од Владата на чело со СДСМ, иако не беше најавуван во партиската предизборна програма на СДСМ, го оценивме како манипулантски потег кој беше знак на немоќ на оваа Влада. Особено што преку референдумот одржан по тој повод не беше прифатлив ниту за мнозинството на македонските граѓани.

Но, непобитен е фактот дека во македонското Собрание за ратификување на Преспанскиот договор гласаа и осуммина пратеници од ДПМНЕ. Тие, за својата еднократна улога беа амнестирани од криминалите со кои и нанеле нанадоместлива штета на државата и граѓаните. На тој начин, директно и СДСМ и ДПМНЕ учествуваа во гласањето за ратификување на Преспанскиот договор и ПРОМЕНА НА ИМЕТО.

ДЕМОКРАТИ сметаат дека за Преспанскиот договор, неговото опстојување или ревидирање или отфрлање во иднина, ќе мора да се спроведе обврзувачки референдум, чии што резултати ќе бидат основа за секој следен чекор во однос на овој Договор.

Политичката партија ДЕМОКРАТИ смета дека крајно е неодговорно и манипулативно да се измамува македонскиот граѓанин со нереални проекции кои не зависат ниту од една партија, само за да се привлечет повеќе гласачи за претстојните избори. Ниту една партија не ги претставува сите граѓани на нашата држава, а ним ни е јасно поради кого, како, кога и зошто македонската држава тоне во секоја сфера од животот со последниве 30-тина години и животот на македонските граѓани им е уништен.

Политичката партија ДЕМОКРАТИ ги повикува македонските граѓани да не наседнуваат на измислици и нереални ветувања. Гласот за СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ на претстојните избори е глас за продолжување на транзицијата и агонијата во кои преживуваме со децении.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *