ЈП Комуналец доби багер, донација на Центарот за развој на полошкиот плански регион

Раководителот на Центарот за развој на полошкиот плански регион, Фатмир Саити на пригоден начин ја предаде новата градежна машина на гостиварското комунално претпријатие. Донацијата ја примија директорот на ЈП „Комуналец“ Исак Љазами и гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.

– Донацијата е со вредност од 100 илјади евра и е дел од проект за модернизација со опрема на комуналните претпријатија на општините Боговиње, Гостивар и Маврово Ростуше. Општина Гостивар доби рово-копач, Маврово Ростуше два трактори со приклучна опрема, а Боговиње моторизиран метлач. Тие машини деновиве ќе им бидат испорачани, рече Фатмир Саити раководителот на Центарот за развој на полошкиот плански регион.

Новиот багер ќе ја зголеми ефикасноста во одржувањето на водоводната и канализациската мрежа, а и ќе се користи за редовните активности на ЈП Комуналец.

– Ние имамвме еден ровокопач, но овој е посовремен. Тоа значително ќе ни помогне за да ја удвоиме реализацијата на работните задачи и поефикасно ќе делуваме. Користа е поголема, бидејќи ќе бидеме понезасвисни и нема да изнајмуваме машини од надворешни фирми рече Исак Љазами директор на ЈП Комуналец

Љазами нагласи дека во моментов состојбата со возниот парк и градежни машни е добра и како што нагалси изминативе две години се набавени нови. Како приоритет на претпријатието за наредната година ќе биде набавка на два специјалзирани камиони со помали димензии за собирање комунален смет.