Општина Боговиње го пушти во употреба новиот пат од Чифлик до Калник

Општина Боговиње го пушти во употреба новиот пат од Чифлик до Калник, откако неодамна заврши асфалтирањето. Пробивањето на оваа делница беше започнато во септември 2018 година.

-Овој пат ќе ги поврзе двете населени места и ќе овозможи поефикасен сообраќај за граѓаните. Изградбата на овој пат е еден од клучните проекти за изградба на патна инфраструктура на општинско ниво, изјави градоначалникот Албон Џемаили.

Патот е долг 497 метри и широк пет метри, а за неговата изградба се потрошени 3.039.258 денари.