Царовска: Ќе развиваме повеќе социјални услуги на локално ниво според потребите на граѓаните

Развивање на социјални услуги на локално ниво во општините согласно потребите на населението е вториот дел од реформата на социјалната заштита, откако претходно беше зголемена финансиската поддршка за ранливите категории граѓани и се почна да се реализира процесот на деинституционализација, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

На денешниот состанок со претствници на делегацијата на ЕУ и директори на институции кои ги ги вклучивме во процесот на деинституционализација, од центрите за социјална работа и други вработени во систен на социјална заштита, додаде Царовска, треба да се воведеме во втората фаза во развојот на социјалната заштита, а тоа е развојот на усложуги на локално ниво.

– Првиот дел од реформата беше да се зголемат финаниските трансфери, да го зајакнеме нивното достоинство и независност, а потоа преку управување со случај да ги поврзаеме со социјални услуги за полесно да излегуваат од социјалните ризици со кои се соочуваат во дадени моменти од животот. Процесот на деинституционализација, го водевме активно и со големо внимание. Се уште има предизвици затоа работиме на јанење на овој систем, рече министерката.

Таа истакна дека се работи на исполнување на целта до 2021 година да нема ниту едно лице во институција од социјалната заштита, а тоа ќе биде кога ќе се заврши и Демир Капија која е наголема институција и најтешка за трансформација. Во моментов остануваат 180 воздрасни лица кои треба да се извадат од институции. Од 186 деца, колку имало во институции кога го презела раководењето со Министерството, последните три до крајот на годинава ќе бидат префрлени во последна единица.

– Ги трансформиравме сите институции за деца и тие се вклучени во мали групни домови, со 24 часовна поддршка. Работиме на јакнење на кадарот за да има континуиран квалитет на нудење на тие услуги на локално ниво. Преку оваа програма со Европската делегација се развиваат подзаконски акти со кои се гарантира одржливиост на овој процес. Дополнително како мин овозможиме развој на методологија за секоја услуга која на локално ниво ќе се имплементира. Тоа е потребно заради финансирањето, бидејќи сите услуги кои се креираат на локално ниво понатаму  треба да бидат одржливи, рече Царовска.

Со оваа методологија, појасни таа, ќе се овозможи секоја услуга да добие акредит и лиценцирање од МТСП и понатаму тие да се финансираат преку центри за социјална работа.

– Секое лице ќе добие решение и со него ќе може да добие соодветна услуга на локално ниво. Така парите ќе ги следат корисниците на услугите, а тоа е највисокото ниво кое еден систем за социјална заштита треба да го постигне, потенцира министерката за труд и социјална политика. .

На таков начин, според неа, ќе можат различни фактори да даваат различни услуги, а тие да бидат ставени на располагање на граѓаните кои имаат потреба од нив. Креирањето на услугите на локално ниво, потенцира Царовска, треба да биде согласно потребите на граѓаните, бидејчи не во секоја општина има потреба од исти услуги.

– Министерството од Свестка банка обезбеди 10 милиони евра со кои локалните самоуправи на креативен начин треба да одговорат на потребите на локалното население, бидејќи не во секој град и секоја општина е потребна секоја социјална услуга. Тие треба да се креираат согласно потребите на граѓаните, рече Царовска.

Локалните самоуправи и центрите за социјални работи да креираат услуга, додаде таа, да ја финансираме и да продолжи да функционира.