ВМРО-Народна партија реагира во однос на непринципиелноста на коалицијата помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ особено кога и двете партии настапуваат контра – демократизацијата на Македонија.
Имено, не не изненадува постапката на старо-новите партнери па илјадниците амандмани на контото на предлог-законот за измени во изборниот законик го покажува нивниот страв но и “демократскиот“ порив на политичките партии кои самите милуваат да се препознаваат како “демократски“.
ВМРО-Народна партија останува принципиелно на својот повеќегодишен став дека само една из борна единица вистински ќе ја забетонира демократизацијата и плурализмот во Македонија односно ќе отвори широко поле за фер натпревар помеѓу сите партиско-политички чинители во државата.
Секое кочење на ваквиот процес претставува грубо кршење на демократските принципи односно го ограничува изборот на нацијата, а со тоа се урнисува и принципот на фер избор со еднаков пристап кон сите партиско-политички чинители.