Вицепремиерот Бујар Османи денеска на сесија пред Венецијанската комисија ќе го претстави ставот на Владата дека Законот за употреба на јазиците е автентична рефлексија на Рамковниот договор, но и на потребата за создавање Европска мултиетничка и функционална држава.
Ова Османи го напиша претпладнево на Фејсбук пред заминувањето.
-На пат за Венеција, на сесија на Венецијанската комисија каде ќе се оценува Законот за употреба на јазиците. Во име на Владата ќе го претставам ставот дека законот е автентична рефлексија на Рамковниот Договор но и на потребата за создавање Европска мултиетничка и функционална држава, наведува Османи.