Република Северна Македонија станува 30 земја членка на Алијансата, потврда за тоа е и Самитот на НАТО во Лондон каде нашата држава доби уште еднаш силна поддршка од сите земји членки на НАТО сојузот.
Се остварува една од најважните стратешки цели на нашата држава и заложбите на минатите и сегашните генерации, се исполнува деценискиот стремеж нашата татковина да стане членка на НАТО.
Еднакви со најмоќните, рамо до рамо со светските сили, рамноправни со најсилните економии во светот.
Како дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот и држава во која граѓаните имаат сигурна иднина.
Придобивките на Република Северна Македонија со членството во НАТО се огромни. НАТО значи стабилност, сигурност, безбеденост, но и отворање и проширување на можностите за зголемен економски раст, охрабрување на инвеститорите за нови инвестиции, пристап до нови пазари и отворање на нови и подобро платени работни места.
На прав пат сме, од изолирана земја скарана со соседите, станавме светол пример во регионот и партнер на демократскиот свет.