Владината делегација во Лондон се сретна со поранешни функционери на НАТО и ЕУ, членови на Охридската група

Владината делагација што ја предводи премиерот Зоран Заев, денеска пред Состанокот на лидерите на НАТО во Лондон, имаше средба со поранешни високи функционери и амбасадори на Алијансата и ЕУ, членови на Охридската група.

– Со посветените пријатели и поддржувачи разговаравме за идните заеднички иницијативи за афирмација и меѓународна видливост на Северна Македонија, која наскоро ќе биде полноправна членка на НАТО. Членството во НАТО е реализација на нашата стратешка суверена одлука,  донесена со консензус во 1993. НАТО членството значи безбедност, стабилност и сигурност, како главни предуслови за економски развој и просперитет на нашата земја и граѓаните во друштво на најмоќниот безбедносен сојуз во светот, објави премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

Заев на Самитот на НАТО во Лондон е придружуван од вицепремиерите Радила Шекеринска и Бујар Османи и шефот на дипломатијата Никола Димитров.