„Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите во Владата и другите лидери во Скопје“, изјави посредникот на ОН метју Нимиц по пристигнувањето во Скопје.
Нимиц, претпладнево, со своите соработници, беше во скопскиот хотел „Холидеј Ин“.
Официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите во Скопје медијаторот Нимиц, според најавите од МНР, ќе даде утре по средбата со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Нимиц, како што е најавено, во текот на дводневниот престој ќе биде примен од претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети.