Мартенс: Се одржа шестата тракалезна маса меѓу Делегацијата на германското стопанство и Владата

Почитувани претставници на медиумите,изминатиот петок се одржа шестата по ред тркалезна маса која ја организиравме заедно со Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија, д-р Кочо Анѓушев и економскиот тим.

Тркалезната маса се одржува на секое тромесечје и истата се покажа како успешен модел. Директната комуникација помеѓу стопанствениците, претставници на германски и македонски компании од преработувачката индустрија и тимот на Владата задолжен за економски прашања е од заемна корист. Компаниите ги доставуваат своите прашања, предлози, идеи како и проблеми со кои се соочуваат при работењето или изготвување на конкретен проект. Економскиот тим добива директна насока кои се моменталните приоритети на стопанството како и сознанија за конкретни одредби и мерки кои создаваат потешкотии во работењето во праксата на компаниите.

Бидејќи стопанствениците на тркалезните маси доаѓаат од различни стопански гранки досега на некои од нив учествуваше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, Министерот за здравство Венко Филипче, директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, како и директорот на Царина, Ѓоко Танасоски.

Досега се реши голем дел од проблемите, но и двете страни се свесни дека има уште голем број на предизвици кои треба да се премостат. Владата е свесна дека законот за царинско работење е истиот уште од времето на СФРЈ и дека треба да претрпи измени како и да се прилагоди на европскиот закон, истото важи и за Законот за работни односи, но вели дека за некои законски измени е потребно подолго време со цел да се најде најдоброто решение, некои законски измени се носат поради не толку големата комплексност многу побргу.

Ние како Делегација на германското стопанство и во иднина ќе се залагаме за позитивен развој  во стопанството и сметаме дека настаните како тркалезната маса како за стопанствениците така и за Владата се вин-вин.