Претседателот Стево Пендаровски, и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Бернс денеска на Универзитетот Американ Колеџ Скопје ќе одржат предвање на тема: Значењето од пристапот на Северна Македонија во НАТО.
Настанот ќе го отвори проф. д-р Марјан Бојаџиев, провост на Универзитет Американ Колеџ Скопје, а присутни ќе бидат најдобрите студенти од факултетите на Универзитетот, а ќе го проследат и членови од бизнис заедницата.
Пред да стане Претседател, Стево Пендаровски беше редовен професор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и ова ќе биде негово прво обраќање во својство на Претседател. По обраќањето на темата од страна на почесните гости, ќе следи дискусија.
Универзитетот Американ Колеџ Скопје континуирано организира настани и гостувања на странски предавачи, експерти, амбасадори и високи гости со цел да се стимулира критичкото мислење кај студентите на Универзитетот и да им се овозможат информации од релевантни и искусни извори.