Поп пејачката Тамара Тодевска и композиторот Дарко Димитров имаа средба со градоначалникот на Тирана Ерион Велиај, на која беа придружувани од албанската музика ѕвезда Ардит Ѓебреа.
Веста на својот профил на Фејсбук ја објави Велиај, искажувајќи при тоа големо задоволство што е „домаќин на пријателите од Македонија“.
– Горди на нашите соседи. Со големо задоволство ги примив Тамара Тодевска и Дарко Димитров, пријатели од Македонија! Нашите најблиски соседи се неверојатни уметници и ги зближуваат нашите заедници, напиша Валиај, објавувајќи и фотографии од средбата.
На Тамара, за која искажува посебна почит како уметник, Валиај и врачи и плакета со грбот на Тирана.
Тамара ќе учествува на најпознатиот фестивал во Албанија „Магична песна“, на кој ќе се натпреварува со песната „Монструм“ од Дарко Димитров.