Африм Гаши се сретна со грчкиот амбасадор Јанакакис

Претседателот на политичката партија “Алтернатива”, Африм Гаши, придружуван од Организациониот Секретар на партијата, Беким Сали, денеска оствари средба со грчкиот амбасадор во земјава, г. Димитриј Јанакакис.

На средбата беше разговарано за актуелната состојба во земјата, парламентарните избори на 12 април и процесот на спроведување на Преспанскиот Договор и неговото позитивно влијаније врз билатералните односи меѓу двете држави.

Исто така на средбата се разговарало и за реформската состојба на Европската Унија и нејзиното проширување со земјите од Западен Балкан.

Грчкиот Амбасадор, г. Димитриј Јанакакис, му се заблагодари на претседателот Гаши за конструктивната улога на Алтернатива во евро-атлантските процеси на земјата и спроведувањето на историскиот договор што се случи пред неколку месеци меѓу двете земји.

На крај двете страни се соогласија дека ваквите пријателски средби треба да продолжат и во иднина.