Одбележана осумнаесетгодишнината од основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) од Тетово со свеченоста ја одбележа 18 годишнината од основањето во 2001 година. Во рамки на одбележувањето беа доделени дипломите за завршените докторски студии на 26 студенти.

Ректорот на УЈИЕ Абдулменф Беџети, истакна дека во годината кога се стигнува бројот на зрелоста 18 што означува квантитативно-материјално исполнување и исполнети се и дел од желбите и целите на установата.

-Успеавме да го зголемиме бројот на новозапишани студенти, се стекнавме со нова зголемена поддршка од буџетот по досегашната линеарна помош и трето, враќањето на соработката со Универзиетот во Индијана нашите стратешки партнери од основањето. Основната ориентација на УЈИЕ останува пазарот на трудот со оглед дека 61 отсто од дипломираните студенти се вработаат во првата година по дипломирањето, а 20 отсто продолжуваат во вториот циклус, рече Беџети.

Тој посочи дека УЈИЕ дека и завршено вертикалното академско реструктуирање.

-Реструктуирањето помина успешно од 3 на 4 години. Ова е важно затоа што 2/3 од новата генераицја студенти ја претпочита и ја избра оваа промена. Следејќи ги трендовие се основа канцеларија за институционално истражување, а се проширува и меѓууниверзитетската соработка со 5 универзитети од регионот и 3 од САД, рече Беџети.

Претседателот на Одборот Денис Фарингрон се заблагодари на последната можност за одбележување на годишнина со оглед дека во август наредната година заминува од функцијата.

-Во 2001 бевме полни со ентузијазам, а сега 18 години подоцна се уште не држи тој ентузијазам отворени за нови предизици, рече Фарингтон.

Досега на УЈИЕ дипломирале над 13 илјади студенти. Сега има 25 додипломски, 43 магистерски, 3 специјализирани програми и 12 студиски програми од трет циклус.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *