Владата ја усвои Стратегијата за транспаретност 2019 – 2021

Владата ја усвои Стратегијата за транспаретност за периодот 2019-2021 година со Акциски план која е насочена кон унапредување на амбиентот за транспаретност и доверба во работата на институциите во пресрет на интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО.

Стратегијата, како што соопшти попладнево владината прес- служба, е донесена на предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.

На денешната седница е донесено и решение за назначување на членови на Националниот совет за сајбер безбедност и задолжени се Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана да назначат членови на Меѓуресорска работна група за стручно-оперативна и логистичка поддршка на Националниот совет за сајбер безбедност.