Делегација на ПС на Франкофонијата во посета на Собранието

Делегација предводена од Жан Крабал, парламентарен генерален секретар на Франкофонијата престојува во Скопје и денеска ќе има средби со претставници на Собранието на Северна Македонија.

Крабал и членовите на делегацијата треба да се сретнат со Горан Мисовски, потпретседател на Собранието и Панче Иванов, претседател на пратеничката група за соработка со Парламентот на Француската Република.

Предвидена е средба и со Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата, предводена од Џевад Адеми