Седница на Собранието, ќе се расправа за заемот за автопатот Кичево – Охрид

Собранието денеска треба да ја одржи 116 седница на чиј дневен ред, меѓу другите, е Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање за Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот градење, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка, како и  Предлог законот за изменување на Законот за спортот, по скратена постапка.

На оваа седница се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор,по скратена постапка; како и Предлог законот за изменување на Законот за електронско управување и електронски услуги, по скратена постапка.

Во рамките на оваа седница се и Предлог на закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Северна Македонија, во прво читање, како и Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, исто така во прво читање.