Писмена реакција во врска со интервјуто на Грчкиот Министер за надворешни работи, Никос Коsијас за ЕРТ

Почитувани,

Во врска со интервјуто на Грчкиот Министер за надворешни работи, Никос Коsијас за ЕРТ, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Има ли некој во Татковината што се уште се лаже дека евентуалниот договор за името ќе биде поволен за Македонија? Никос Коsијас соопшти дека името, неговата употреба, идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците, се ставени на маса во преговорите. Притоа, официјална Атина потенцира дека “новото име” не треба да има англиски превод, да го промениме Уставот заедно со личните карти и пасошите и да си прифатиме нов идентитет, инаку нема ЕУ и НАТО за Македонија. И тоа, сето ова мора да оди во пакет.

Кога најодговорните политички актери во Татковината ќе соопштат што се Македонските црвени линии? Кој му дозволува на ДУИ да ги уништува преговарачките позиции на Македонија? Со кое право Али Ахмети го негира правото на Македонскиот народ да одлучува за најважното национално прашање?

Македонскиот народ нема да дозволи велепредавство! Нека не се лажат лидерите и партиите дека ќе можат да го продадат обезличувањето на Македонскиот народ како успех. Сакаме во ЕУ и НАТО но не по секоја цена.

ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! БРАЌА И СЕСТРИ ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

Македонската Алијанса заедно со партнерите изготвува Национална Платформа за заштита на националните интереси и обезбедување сигурна иднина за Татковината!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски