Соработка меѓу ЕУ и Западен Балкан за ефиканско справување со илегалната миграција, радикализацијата и организираниот криминал

Илегалната миграција,  безбедноста на границите, насилната радикализација и организираниот криминал се сфери каде сите мора да работат заедно, е заклучокот од Министерскиот состанок ЕУ – Западен Балкан што се одржа во Скопје во организација на МВР, а под покровителство на финското претседателство со ЕУ.

– ЕУ и Западниот Балкан во изминатите години се збилижија и ги продлабочија долгогодишните врски. Предизвиците со кои се сочуваме кога станува збор за миграцијата, борбата против шверцот со мигранти, управувањето со границите, борбата против терозизмот и справувањето со организираниот криминал се заеднички, па е заеднички и нашиот одговор. Во делот на миграцијата тесно соработувавме со земјите членки и со партнерите по рутата од Западеб Балкан во изминатите месеци и години редовно разменувајќи информации и координирајќи го делувањето, истакна еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос на заедничката прес-конференција во Собранието со министрите за внатрешни работи на Финска Марија Охисало и на Северна Македонија Оливер Спасовски.

Тој го оцени овој министерски форум ЕУ-Западен Балкан како најуспешен досега, на кој, сите земји од регионот се усогласени кон една и единствена перспектива да станат дел од европското семејство.

– Плодната размена на гледишта денес е уште еден доказ на нашиот ангажман за да имаме поорганизиран пристап. Целосно сме посветени и понатму да ги поддржуваме нашите партнери од ЗБ со севкупна финснсиска поддршка околу миграциите, која сега надминува 390 милиони евра, рече Аврамопулос.    

Врвен приоритет за ЕУ, е кажа, третманот на бегалците, кои мора да бидат сместени во соодветни објекти, а тоа е и причина за соработката со партнерите од регионот за да ги зајакнат нивните капацитети за прифат и нивните системи за азил. Во насока на подобро управување со границите, намалување на илегалните преминувања и зајакнување на безбедноста на сите, во духот на тесната соработка со доверба и солидарност, рече меѓу другото, денеска е потпишана Статусна спогодба за граничните крајбрежни служби со Црна Гора, со Србија ќе биде накоро потпишана. Потпишани се и уште три аранжани за спроведување на Заедничкиот акциски план на ЕУ-ЗБ за борба против тероризмот со БиХ, Црна Гора и со Србија, со што вакви арнжани има и со преостанатите три змеји од регионот.

Министерскиот форум, како што истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, уште еднаш потврдил дека земјите од регионот споделуваат исти предизвици во областа на безбедноста кои единствено можат да се решат со заедничка соработка и цврсто партнерство со земјите од ЕУ.

– Очекувам дека тоа партнерство ќе го продлабочуваме и ќе го потврдиме во иднина и дека многу скоро ќе разговараме за пристапување на државите од Западен Балкан во ЕУ, рече Спасовски.

На форумот, како што посочи, било потврдено дека ефективното гранично управување и борбата против криумчарењето на мигранти остануваат заеднички приоритети, како и за ЕУ така и за земјите од Западен Балкан.

– За таа цел се обврзавме да ги решиме овие проблеми преку континуирана и засилена прекугранична соработка и размена на информации. Исто така се согласивме дека тероризмот преставува глобална закана за безбедноста а особено враќањето на странските терористички борци. Од суштинско значење за овие прашање за овие прашања е тесната соработка и подготвеноста за споделување на сите релеватни информации како и во однос на нивното откривање, така и во однос на нивното изведување пред лицето на правдата, рече Спасовски.

Во фокусот на министрите биле и борбата против трговијата со луѓе, оружје и дрога, а тие како што кажа Спасовски се согласиле дека активнотите на полициите треба да бидат придружени со мерки за конфискацијата.

За Финското претседателство, министерката Охисало истакна дека јакнењето на заедничките вредности, владеењето на правото и заштитата на безбедноста на граѓаните сеопфатно е од клучна важност. За ова, додаде, мораме уште повеќе да ги зајакнеме нашите партнерства.

На форумот е постигната согласнот во однос на делотворното управување со границите и борбата со миграцијата кои се приоритет и на ЕУ и на Западниот Балкан, а биле разменети мислења околу прашањето на тероризмот и насилниот екстремизам.

– Во однос на организираниот криминал, особено трговијата со луѓе и шверцот со дрога и оружје дискутиравме и ги повикуваме нашите партнери да го интезивираат нивното учество секогаш кога е можно во овие механизми. ЕУ ги поздравува мерките што ги преземаат партнерите од ЗБ за да се зајакне продуктивната и делотворна соработка со Јуропол и да се унапреди соработката со Европскиот мониторинг центар за дрога и зависности од дрога, рече меѓу другото Охисало.

Форумот се одржува на годишно ниво и е дел од Стратегијата за поддршка на земјите од Западен Балкан на патот за нивно полноправно членство во Европската Унија.

На дводневниот форум присуствуваа еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос, високи претставници од Сојузна Република Германија и Република Хрватска, како и други претставници на европски институции. Земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Црна Гора и Северна Македонија се претставени со министрите за правда и за внатрешни работи, односно високи претставници од нивните министерства.