Општина Куманово ќе почне со дистрибуција на решенија за присилна наплата на даноци

Секторот за даноци и такси од Општина Куманово ги информира даночните обврзници, граѓаните навреме да си ги платат данокот на имот, а правните субјекти и данокот на имот и фирмарината, информираа денеска одговорните од секторот.

Оттаму додаваат дека во наредниот период ќе почне дистрибуцијата на решенија за присилна наплата на данокот на имот на физички и правни лица и фирмарина.

-Ги информираме даночните обврзници, физичките и правните лица  кои на своја адреса во наредниот период  ќе добијат решение за присилна наплата, веднаш да пристапат кон плаќање на наведениот долг во согласност со решенијата за присилна наплата, со што би се избегнала непопуларната мерка – блокада на сметки во деловните банки, и зјави овластениот раководител на сектор за даноци и такси, Ненад Стојановски.

Решенијата за присилна наплата на фирмарина, односно назив за деловна просторија веќе  се пристигнати, субјектите ги имаат добиено на своите адреси преду АД за поштенски сообраќај Македонска пошта и оние кои  не го  подмириле  долгот од денеска ќе бидат блокирани во деловните банки.

Доколку даночните обврзници кои се опоменати  или на кои им е испратено решение за присилна наплата во меѓувреме го имаат платено долгот треба да се обратат во просториите на Општина Куманово,  Сектор за даноци и такси со доказ за уплата на долгот,  повика Стојановски.

Даночните обврзници кои немаат добиено решение за данок на имот или кои ќе констатираат несовпаѓање на наведената состојба во решението со фактичката состојба имаат обврска со соодветнтаа документација да се обратат во Општина Куманово, Сектор за даноци и такси, административна здрада на поранешен АД Козјак, наспроти Градскиот стадион, канцеларија  бр ој 3 и 10.

Даноците и таксите се примарни приходи од кои се полни општинскиот буџет, основни приходи, од кои потоа се прават улици, сообраќајници, инфраструктура, градинки, школи, културни и спортски манифестации. Да си ги платиме давачките,  тоа е наша законска обврска  за да можеме сите заедно да ја градиме општината, вели Стојановски.