Средби со голем број деловни луѓе од компании кои сериозно работат со нашите институции, најави денеска премиерот Зоран Заев за време на неговата посета на Солун, каде ќе се сретне и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Заев одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања“ во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје рече дека утре заминува за Грција и нагласи дека ќе се обрати на годинашниот Самит во Солун и ќе информира присутните за сите предности што ги има во земјава.
-Сакам да го споделам чувството на задоволство, колку е голем интерсот на грчките компании, особено за долната половина на државата поради близината на транспортот, рече Заев.
Истакна дека следува реформирање на методологијата на преговорите, но оти останува мотивацијата на институциите дека треба да продолжат да работат и да бидат фокусирани на процесот.