Физибилити студија за развој на Попова Шапка со прва презентација пред владините тела

Завршена е физибилити студијата со која ќе започне постапка за одлучување како ќе се развива Попова Шапка во иднина, соопштија денеска на прес-конференција министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на АД ЕСМ Васко Ковачески.

Презентација на физибилити студијата денеска за владините функционери и други засегнати страни одржаа од консултантската куќа Прајс Вотерс Хаус Куперс, претходно одбрана на тендер.

– Оваа студија треба да ни ги каже сите можни решенија, односно што ние како сопственици на Попова Шапка треба да одлучиме кои се најисплатливите, најодржливите можности и решенија кои се во интерес на сите граѓани не само финансиски туку и на туристите. Станува збор за повеќе опции и решенија, можеби концесионерство, јавно приватно партнерство, можеби други начини на форми и управување. Во следна фаза од постапката треба да одлучиме како понатаму се во интерес на Шапка да функционира како што заслужува, изјави Васко Ковачески, директор на АД ЕСМ.

Дел од следните постапки е и јавна дебата, а на крај и Владата ќе одлучи откако ќе се добијат сите сугестии од засегнатите страни, потенцираат владините функционери.

– Ние како Влада во потполна соработка со АД ЕСМ во оваа година завршивме со градба на шестоседот, но не застануваме тука во најкраток рок со консултанската куќа АД ЕСМ има конкретени предлози due diligence и физибилити студија врз основа на што ќе се донесат одлуки за да се развие Шапка и да биде современ центар, кој ќе има позитивно влијание и на локална економија, но и за целата држава и регионот. Со инвестиции продолжуваме се со цел овој ски центар да биде еден од најдобрите, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Трошоците за оваа физибилити студија изнесува осум милиони денари.