ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев му дадоа аргументи на Макрон да ја блокира Македонија

Реакција на прес-конференцијата на Костадин Костадинов

СДСМ и Зоран Заев се виновниците кои му дадоа аргументи на Макрон да ја блокира Македонија.

Криминалот, корупцијата и рекетот кои станаа поим за Македонија под власта на Зоран Заев се главната причина поради која Македонија не отпочна преговори.

ВМРО-ДПМНЕ стори се што е во негова моќ да лобира за Македонија, при сите средби со странски претставници, но и кај нашите сестрински партии од ЕПП.

Зоран Заев кој е најмногу повикан од позиција на власт да обезбеди правна држава не го направи тоа. Не го направи затоа што главата  на криминалниот октопод е токму тој и луѓето околу него.

Во ЕУ не се оди со криминални тендери, рекет и корупција во секоја пора.

Македонија заслужува да биде дел од ЕУ, но тоа со Зоран Заев видовме дека не е можно. Токму затоа Зоран Заев и ќе си замине од власт на 12 април.

По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.