Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска дел од акција за женското кардиоваскуларно здравје

Сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, заедно со сопругите на амбасадорите акредитирани во државата, ќе се вклучат во акцијата за јакнење на свесноста за женското кардиоваскуларно здравје „Црвен аларм за женското срцево здравје“.

Како што информираат од Кабинетот на Претседателот, по тој повод денеска во ПЗУ Вита Катерина на ул. „Буковиќ“ бб во општина Сарај и на Универзитетската клиника „Мајка Тереза“, на Одделот за кардиологија, ќе се извршат прегледи и разговори за ризиците од ова заболување.