Борусија Дортмунд конечно се согласи на условите кои ги понуди Арсенал и го даде својот фудбалер Пјер Емерик Обамејанг. Понудените 60 милиони евра беа сума за која “милионерите” малку размислуваа, но на крајот сепак одлучија да ја прифатат.
Освен обештетувањето, Арсенал му понуди плата од 180 000 фунти неделно, а договорот ќе важи до 2021 година.
За четири сезони минати во Борусија, Обамејанг одигра 213 натпревари и постигна 141 гол.