ВМРО-ДПМНЕ: Власта три години не презема ништо да ги врати иселените како што ветуваше

Со СДСМ на власт во Македонија не се празнат само селата се попразни се и градовите.

Власта три години не презема ништо да ги врати иселените како што ветуваше. Напротив се повеќе се иселуваат.

Граѓаните бегаат од државата заради беспарицата и уништениот правен систем. Граѓаните живеат во сиромаштија. Само семејството Заеви профитира.

Граѓаните земаат минимални плати, а фирмите на Заев вртат над 50 милиони евра годишно.

Заев го направи буџетот скоро 4 милијарди, како би можеле неговите, фирмите на неговото семејство и фирмите на блиските до власта да добиваат тендери и да ги полнат банкарските конта.

Со Заев на власт во Македонија нема живот за граѓаните. Има живот за врхушката на власт.

Со Заев на власт граѓаните се иселуваат. А тие што остануваат живеат во немаштија.

Зоран Заев е причината за голготата на граѓаните во изминативе три години. На 12 април граѓаните ќе го испратат Заев во политичка пензија.

По 12 април следува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.