ШПАНИЈА КОНЕЧНО ЕВРОПСКИ ПРВАК

Ракометната репрезентација на Шпанија конечно застана на највисокото место на победничкиот пиедестал на едно ЕП. Во финалето на европското првенство во Хрватска, шпанците ја совладаа селекцијата на Шведска со 29-23, и по прв пат во својата историја станаа европски прваци.

До титулата стигнаа благодарение на извонредната игра во одбраната и уште подобрата форма во која се наоѓа Арпад Штербик, кој за ова финале специјално беше повикан од Скопје, да го замени повредениот Варгас. Штербик беше едноставно несовладлив, како што имаат обичај да кажат ракометарите “ја спушти ролетната на својот гол”, и ги доведе до очај шведските ракометари.

Претходно Шпанија играше четири финалиња, но во ниедно не успеа да стигне до шампионската титула. Конечно им се посреќи.

Во натпреварот за третото место, Франција ја совлада Данска со резултат 32-29.